
Основана во 2014 година, како резултат на потребата за подобрување на условите во центрите за
дијализа и дијализниот третман во Р Македонија, Нефроплус обезбедува здравствена грижа
за повеќе од 600 пациенти во 10 центри, со повеќе од 80.000 дијализни третмани годишно.
ПЗУ Нефроплус, најсофистицираниот центар за хемодијализа во земјата и регионот,
применува најсовремени стандарди и процедури кои се засновани на препораките на највисоките
европски и светски водичи за добра клиничка пракса во хемодијализата. Со помош на својот успешен
модел на раководење, посветеност и стручност на специјализираниот тим професионалци, Систина
Нефроплус на своите пациенти освен подобрување на здравствената состојба, им овозможува и
продолжување и подобрување на квалитетот на животот на секој пациент.
Нефроплус центрите за дијализа се опремени со најсофистицирана опрема. Во нив за првпат
се воведени врвните најефикасни европски и светски модалитети на хемодијализа High FLUX
хемодијализа и On Line-HDF хемодијафилтрација.
Компанијата, исто така, инвестира и во последна генерација на најсовремена и најефикасна
технологија за хемодијализа, апарати CORDIAX 5008 S на производителот Фрезениус Медикал Кеaр, 80
столови и 79 кревети исклучиво за намена – Хемодијализа, како и обнова и набавка на нови системи
за обработка на водата (реверзни осмози). Хемодијалнизните третмани се изведуваат исклучиво со
ултра чиста вода.
Преку своите дијализни центри, ПЗУ Нефроплус е присутна во 10 градови, и тоа во Тетово,
Гостивар, Дебар, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес, а за првпат во нашата држава
инвестираше во отворање на уште два нови центри, во Кичево и во Охрид.
Центрите на Нефроплус нудат „холидеј-хемодијализа“, додека за првпат во Р Македонија, во
дијализниот центар Нефроплус - Охрид се изведуваат и долги ноќни хемодијализни третмани.
Квалитет индикатори и контрола на квалитет
Дијализниот третман кој се нуди во Нефроплус не претставува само опслужување и
подобрување на здравствената состојба туку и продолжување на животот на пациентот воедно и
подобрување на квалитетот на животот на секој пациент.
Како новина која за првпат се воведува во Р Македонија од областа на хемодијализа Систина
Нефроплус за осигурените лица со хронична бубрежна инсуфиенција, воспостави политика на квалитет
со цел подобрување и унапредување на квалитетот на услугите со создавање подобри услови за
вршење дијализа.
Контролата на адекватноста и успешноста на хемодијализниот третман се извршува преку квалитет
индикатори согласно европските протоколи за добра медицинска грижа за хемодијализа, EBPG
(European Best Practice Guidelines). За таа цел компанијата изготви повеќе од 300 процедури,
протоколи и упатства за стандардизација на процесите за правилно водење како на дијализен
третман така и воопшто на дијализните центри.
Дијализен центар Охрид
Дијализен центар Тетово
Дијализен центар Битола
Дијализен центар Гостивар
Дијализен центар Прилеп
Дијализен центар Велес
Дијализен центар Кичево
Дијализен центар Дебар
Дијализен центар Кавадарци
Дијализен центар Струга
Контактирајте нѐ
info@nefroplus.mk +389 2 309 9593 Скупи 3а, 1000 СкопјеИзбери дијализен центар
Кичево, Р.Македонија
Тел: 045/256-610 и 045/256-650
Е-mail: info@nefroplus.mk
Ул. Илинденска бр. 1
Тетово, Р. Македонија
Тел: +389 44 393 954
Е-mail: tetovo@nefroplus.mk
Погледни на мапа
Ул. ЈНА бр. 283 а
Гостивар, Р. Македонија
Тел: +389 71 253 138
Е-mail: gostivar@nefroplus.mk
Погледни на мапа
Ул.Амди Леши бр.51
Дебар, Р. Македонија
Тел: +389 46 790 029
Е-mail: debar@nefroplus.mk
Погледни на мапа
Св. Еразмо
Охрид, Р.Македонија
Тел: +389 46 261 524
Е-mail: ohrid@nefroplus.mk
Погледни на мапа
Ул.Партизанска Бр.1
Струга, Р. Македонија
Тел: +389 46 799 477
Е-mail: struga@nefroplus.mk
Погледни на мапа
Ул. Никола Тесла бр. 158
Битола, Р. Македонија
Тел: +389 47 222 911
Е-mail: bitola@nefroplus.mk
Погледни на мапа
Ул.Трајко Тарцан Бр.1
Прилеп, Р. Македонија
Тел: +389 48 400 085
Е-mail: prilep@nefroplus.mk
Погледни на мапа
Ул.Самоборска Бр.1
Велес, Р. Македонија
Тел: +389 43 212 212
Е-mail: veles@nefroplus.mk
Погледни на мапа
Ул.Шишка Бр.1
Кавадарци, Р. Македонија
Тел: +389 43 447 422
Е-mail: kavadarci@nefroplus.mk
Погледни на мапа